ЛИЧНО ИСКУСТВО: Цела година, секое утро, пиела вода со мед и лимон и ги изненадила докторите!

Последниве години толку многу се зборува за консумацијата на млака вода со лимон,па една жена решила да ја испита ефикасноста на оваа напивка. Еве и што открила…

Американката Кристал Дејвис одлучила секое утро на празен стомак да испие чаша топла вода со лимон и мед. Таа била истрајна во тоа, а својот план успешно го спроведувала точно една година, за на крај да биде воодушевена од позитивните резултати.
„До пред неколку години напитоците со лимон и мед ги купував во аптеки кога имав грип. Секако, не помагаа многу па, признавам, бев малку скептична кога почнав со овој предизвик“, вели Кристал.
Таа истакнува дека напивката ја правела од органски мед и лимон, ја пиела секое утро пред доручек во период од 12. месеци.


„Користам половина свеж лимон и лажичка органски мед во класична шолја. Прво ја зовривам водата и ја оставам малку да се излади. Потоа ставам мед и сок од лимон па тоа го пијам веднаш. Меѓутоа, понекогаш во лимонот има повеќе сок или е покисел па ставам малку повеќе мед“, открива Кристал.
После една година консумација, таа забележала бројни подобрувања. Нејзиниот живот станал подобар, се чувствувала посилна и поздрава.

„Цела година не настинав, немав грип ниту желудочни болести, иако понекогаш се чувствував како да нешто ‘ќе ме фати’, но до тоа не дојде. Исто така, станав утрински тип и веќе немам потреба од кафе. Луѓето околу мене велат дека сега наутро имаат попријатно друштво“, со гордост истакнува Дејвис.
На крај, и лекарите се согласиле со нејзиниот заклучок. Имено, водата со лимон ја намалува киселоста на организмот, а познато е дека киселата околина одговара за развој на бактерии и разни болести.
Исто така, оваа напивка пружа изобилство од витамини и минерали, а може и да биде поддршка на диета, така што ќе поттикне исфрлање штетни материи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …