Еве како јајцата можат да ви помогнат да загубите килограми

ИАКО јајцата се до некаде демонизирани поради висок холестерол, постојат докази дека можат да бидат дел од здрава исхрана.

Уште повеќе, истражувањата покажуваат дека јајцата дури можат да ви помогнат да изгубите тежина затоа што се здрава опција за појадок со голема содржина на протеини што ве одржува сити подолго.
Имено, јајцата можат да се пофалат со импресивен нутритивен профил.
„Јајцата се висококвалитетни протеини и содржат широк спектар на витамини и минерали, како што се витамин А, витамин Д, витамин Б и фолати”, вели Натали Рицо, диететичар во Њујорк. „Јајцата се богати и со холин, микроелементи важни за бремени жени и бебиња“.

Протеините во јајцата ве одржуваат сити и можат да го зголемат метаболизмот
„Кога станува збор за губење на тежината, протеините во јајцата можат да ви помогнат да се заситите и да ви помогне да јадете помалку калории подоцна во текот на денот“, вели Рицо.
Дел од предизвикот во слабеењето е да го задоволите вашиот глад без сè уште да имате дефицит на калории. Еден начин да се реши ова е со консумирање храна богата со протеини, што не одржува сити подолго. Затоа јајцата се идеален избор. Богати се со протеини, односно содржат околу 6. грама во едно големо јајце.

Тие се една од најздравите опции за појадок
Многу луѓе го започнуваат денот со рафинирани јаглехидрати, како што се житарки, палачинки или крофни, што може да го зголеми ризикот од дебелина, па дури и дијабетес тип 2. Заменувањето на јаглени хидрати за храна богата со протеини, како што се јајцата, може да ви помогне да изгубите на тежина.

Една мала студија од 2008. година, проучувала луѓе со прекумерна тежина и дебели лица на возраст од 25. до 60. години и открива дека ако јадат јајца за појадок, тоа доведува до поголемо губење на тежината, во споредба со оние што појадувале бели печива. Двата појадока содржеа ист број на калории. По осум недели, групата што јадела јајца имала 61% поголемо намалување на БМИ, 65% поголемо губење на тежината и 34% поголемо намалување на губење тежина отколку групата што јадела печива.
„Покрај тоа, здрав појадок може да го намали вкупниот внес на калории со спречување на желби подоцна во текот на денот“, вели Рицо. Преглед од 2016 година покажал дека конзумирањето на појадок со висока содржина на протеини може да биде поврзано со помала тежина, телесни маснотии и понизок БМИ, наведува Insider.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …