ДИСКУСИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – На сопствените деца од 15. и 16. години им наплаќа кирија: Поради оваа мајка „гори“ интернет!

Навидум безопасното прашање ги поделил социјалните мрежи, а најгласни биле оние кои сметаат дека мајката не треба да им наплаќа кирија на своите деца…
Мајка од Австралија на социјалните мрежи прашала кога е соодветно да им се наплатува кирија на своите деца и колку пари треба да и дадат, по што во коментарите се водела жестока дискусија.
Имено, жената има двајца средношколци на возраст од 15. и 16. години кои бараат работа со скратено работно време, пишува Дејли меил.
„Кога мислите дека е во ред да започнете да собирате кирија и колкав процент треба да им се земе?“, прашала таа на социјалните мрежи.


Но, нејзиното навидум невино прашање го поделило интернетот и многумина ја осудиле за ваквиот третман на децата.
„Тие се ваши деца, не се извор на приход“, коментирале главно нејзините неистомисленици.
Имало и такви кои се согласиле со нејзината идеја затоа што веруваат дека на тој начин децата ќе научат одговорност и финансиско управување.


„Можеме најдобро да ги учиме децата со нивниот пример. Со плаќање кирија, ние ги учиме на животни вештини“, „Кога мојот син започна да заработува на 16. години, му ги покажав сите трошоци, храна, струја, бензин и интернет, го поделив во бројот на луѓе“, „Мило ми е што моите родители ме замолија да им плаќам кирија. Научив како паметно да ги распределувам парите и да одржувам буџет”, коментирале други.
Што мислите, дали е во ред да се наплатува кирија за родени деца? Споделете со нас во коментарите!

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …