(ФОТО) Казнети со 77. удари со стап од ратан за водење љубов – во нивниот стан!

Се чини дека нема полоша осуда од тоа да се биде геј човек кој го пронашол својот партнер, ако живеете во Индонезија.
Не е потребно на кој било начин да ја испровоцираат јавноста или да им „бодат очи“ на неистомислениците со нивната љубовна приказна.
Доволно е да се слушне дека тие двајцата се сакаат, за да бидат јавно прогласени за најлоши криминалци во оваа земја.
Ова е сведоштво за сè што никогаш не треба да се случи и што е во спротивност со приказните што ги роди 21-от век.
Двајца млади луѓе во Индонезија биле најстрого казнети само затоа што се сакаат и тоа во нивните четири sида, далеку од други погледи.


Се чини дека доволно е некој да знае за вашата сексуална ориентација, за да може да се појави сериозен хаос во оваа земја.
Така, младите мажи на возраст од 27. и 29. години добиле по дури 77. најлоши удари затоа што размениле нежност во нивниот дом.
Неколку локални жители знаеле за оваа приказна, па заедно со полицијата упаднале во нивниот стан и ја прекинале „акцијата“.
Сето ова се случило во индонезиската провинција Ачех, каде овие две млади момчиња биле јавно камшикувани со стап од ратан со 77. сериозни удари.


Според медиумите, ова е нивна казна за „несоодветно однесување“.
Првично, требало да добијат по 80. удари, но поминале извесно време во притвор, па казната им била намалена за три удари.
Еден од овие луѓе викал и стенкал од болка молејќи ги да престанат. Сцените биле толку застрашувачки што некои од очевидците на оваа казна буквално се онесвестиле од тоа што го гледале.

Јавното камшикување во Индонезија е вообичаена работа


Јавното камшикување во Индонезија е честа казна за кршење на шеријатскиот закон. Претходно четири лица биле казнети со 17. удари за вонбрачни односи и со 40. удари за пиење алкохол. Луѓето фатени на коцкање или жени кои носат тесна облека исто така можат да бидат казнети на овој начин.
Постојат и такви делови на Индонезија каде истополовите врски не се незаконски, но ЛГБТ заедниците се сериозно дискриминирани од полицијата.
Институциите за човекови права во оваа земја го осудиле овој настан и го окарактеризирале како казна од средниот век. Според нив, индонезискиот претседател Јоко Видодо треба итно да реагира и што побрзо да го укине овој вид на азна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …