(ВИДЕО) Искрено со актерот Игор Ангелов: „Се заљубив на час по математика, а сега со сопругата уживаме во доброто вино“

Цветко во детската серија „Пет плус“, Цобе во филмот „Година на мајмунот“, многубројни театарски улоги и, конечно, актуелниот Коста во телевизиската серија „Преспав“, е актерот Игор Ангелов, кој сè повеќе ja бранува јавноста со својата трансформација од улога во улога.

Игор беше гостин во студиото на „Репортер“, па со него зборуваа за сешто. Од првата улога до муабетот за преспанскиот фраер Коста, кој се пушта на сè што е женско, приказни за кои Ангелов со мерак зборува.

„Секако дека во Коста се крие прототип на еден неизживеан маж и баш затоа поминуваме добро кај публиката оти многу ликови од реалниот живот се пресликани тука“, вели Ангелов за хит-серијата „Преспав“, која ја заврши петтата сезона.
Приватно сосема поинаков од Коста, сопруг и татко на два сина, кој секоја година прави свое вино, живее во куќа во Брадовци, има свое лозје, а во бавчата одгледува органска храна.

 

„Оваа година пак направив убаво вино, со помалку шеќерни единици од претходната“, раскажува Ангелов.

Од детството што го поминал во Аеродром до тоа како се вљубил во сопругата од која препишувал математика, за Воениот базен и за времињата што и денес му будат спомени, за сопственото лозје и за домашното вино и уште куп приказни за неговиот приватен живот, но и за кариерата – гледајте го видеото.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …