(ВИДЕО) БИЛА ФРИЗЕРКА И УЧИТЕЛКА! Кејт Мидлтон открила колку и било тешко да ги исполни сите семејни обврски за време на карантинот!

Во групниот разговор со неколку родители и наставници, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон открила што и е најтешко и како се справува со бројните нови улоги што и ги наметнала пандемијата на коронавирусот.
Кејт го пофалила принцот Вилијам и истакнала дека тој е нејзината најголема поддршка. На прашањето со еден збор да ја опише грижата за своите деца за време на пандемијата, Кејт зела парче хартија со натпис „Исцрпувачки“.

Принцот Вилијам и Кејт неодамна се преселија во нивниот дом во Анмер Хол во Норфолк, од каде нивните деца посетуваат онлајн часови.
Кејт признала дека школувањето и сите обврски околу децата во карантин не и паднале лесно, заедно со сите други обврски што ги презела во изминатата година.
„Како родители, имаме секојдневни родителски улоги, но претпоставувам дека моравме да преземеме дополнителни улоги за време на карантинот, во кој дотогаш ни помагаа други луѓе од нашата заедница“, додала Кејт.

Родителите ја допреле и осаменоста со која се справуваат. Истражувањето иницирано од Кејт покажало дека осаменоста драматично се зголемила за време на пандемијата, од 38. на 63. проценти, со оглед на тоа што многу родители биле отсечени од дотогашната мрежа за поддршка, составена од нивните пријатели и семејства.
Кејт открила и како станала фризерка во карантин, на ужас на нејзините деца. На прашањето како би ги оценила своите математички вештини на скала од 1 до 10, Кејт одговорила: -5.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како лебот со кисело тесто стана сè популарен?

Лебот претставува главна состојка во исхраната кај децата и возрасните. Во солена или блага варијанта, …