Гравот – здрава и хранлива намирница

Богат е со скоро сите есенцијални аминокиселини, лецитин и натриум, калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк …
Мешунките се богати со есенцијални масни киселини, сложени јаглехидрати, витамини и минерали. Покрај тоа, како т.н. алкална храна, содржат многу повеќе хранливи материи од овошјето со поголема концентрација на вода, па затоа се погодни и за исхрана на децата. Мешунките одлично се согласуваат со житарките, бидејќи тие се богати со аминокиселини што ги немаат житарките, па нивната комбинација обезбедува балансиран оброк и без месо.
Меѓу мешунките, гравот секако е најчест. Има висока енергетска вредност. Порција грав може да има 300 до 500 калории, во зависност од додатоците (зеленчук, житарки, суво месо).


Гравот е богат со скоро сите есенцијални аминокиселини, лецитин и минерали: натриум, калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк … Не содржи големи количини на витамини, но ртењето на гравот ја зголемува нивната количина, особено витамини Е и Ц.
Докажано е дека гравот го намалува холестеролот и триглицеридите во крвта, па затоа се препорачува за пациенти со атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Кај лицата кои имаат проблеми со варењето за да гравот не биде премногу тежок, се препорачува да консумираат пасиран (пире) грав.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …