(ВИДЕО) Починала глумицата Клорис Личман – позната како баба Ида од тв серијата „Малколм во средина“

Американската актерка Клорис Личман, добитник на Оскар за најдобра споредна женска улога во „Последната кино претстава“ (1971), како и девет Еми, вклучувајќи ја и улогата на баба Ида во серијата „Малком во средина“, починала во средата на 94-годишна возраст, соопштиле нејзините претставници.
Таа почина од природна смрт во нејзиниот дом во Енсинитас, Калифорнија, се вели во соопштението на нејзиниот публицист.
Од осумте Еми за „Ударни термини“ (Primetime Emmy), првите две ги добила во 1974. и 1975. година во категоријата најдобра споредна женска улога за улога во комичната серија Мери Тајлер Мур. Двапати, во 2002. и 2006. година, го освоила за улогата на малку злобната баба Ида во популарната хумористична серија „Малком во средина“, по што ќе остане запаметена од македонските обожаватели на таа серија.
Таа беше номинирана за оваа награда уште 12. пати, додека во 1972. година ја освои „дневната“ Еми (Daytime Emmy).

Личман глумеше и во нејзините 90-ти, вклучувајќи два филма снимени во 2019. и 2020 .година, кои сè уште не се објавени. На 82-годишна возраст таа настапи во забавното шоу „Танц со Sвездите“, по што учествуваше во реално шоу, своевидно „Менувам жена“ со славни личности.
Таа ја започна својата кариера кон крајот на 40-тите години на минатиот век, а едно од нејзините први редовни работни места било како мајка во популарната телевизиска серија „Ласи“ во 1950-тите.
Таа доби Оскар за улогата на Рут Попер во филмот „Последната кино претстава“ на Питер Богданович, каде ја игра емоционално осакатената сопруга на мал фудбалски тренер, кој има афера со еден од неговите играчи.
Личман остави впечаток и во три комедии на Мел Брукс – „Млад Франкенштајн“, „Висока напнатост“ и „Историја на светот: Дел 1“.

На прашањето во 2010 година како успева да биде професионално зафатена на нејзина возраст, Личман за Њујорк Тајмс изјавила дека не и се допаѓа зборот „зафатена“ затоа што воопшто не живее на тој начин.
„Кога работам, тоа не е работа, туку е голема забава, нешто возбудливо и свежо“, рекла таа.
Нејзината менаџерка Џулиет Грин изјавика дека нејзина привилегија била да работи со Клорис Личман, „една од најбестрашните актерки во нашето време“.
„Никој не беше како Клорис. Таа имаше способност да го скрши твоето срце со еден поглед или да те насмее до солзи. Никогаш не знаевте што ќе рече или направи Клорис и дека непредвидливоста е дел од нејзината невидена магија”, напишала Грин.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елен ДеГенерис после 19. сезони најавила простување од публиката

Познатата водителка Елен ДеГенерис одлучи претстојната 19-та сезона на нејзиното ток-шоу „The Ellen Degeneres Show“ …