(ФОТО) Трагедија: На смрт избоден 16. годишен фудбалер

Џош Дан (лево на фотографијата) настрадал во вторникот

Тинејџерот и фудбалски талент Џош Дан починал, како резултат на убодна рана, во вторникот вечерта во Даблин, Ирска.
Инцидентот во кој едно момче беше смртно рането се случил на Ист Роуд. Дан играл за „Толка Роверс АФЦ“ и „Бохемијанс“ во помлади категории.
Во истиот инцидент со возач на испорака, уште две лица се тешко повредени, а полицијата пријавата ја примила околу 21:20 часот.
Двајцата повредени биле пренесени во блиската болница „Матер“, каде подоцна починал Џош. Сега се испитуваат околностите на убиството и дали двајцата фудбалери биле во претходен конфликт со доставувачот.
Ирските медиуми тврдат дека Џош Дан важел за перспективен играч, а „Толка Роверс“ се огласила по неговата смрт.
„Длабоко сме шокирани кога ја слушнавме трагичната вест за Џош Дан. Беше привилегија да го имаме во дресот на Толк Роверс и да го гледаме како игра под менторство на Кок, Кевин и Џејмс. Нашите мисли се со семејството и пријателите, почивај во мир, Џош“, пишуваат од клубот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Најлуд настап во историјата на Санремо: Погледнете ја изведбата на Ибрахимовиќ и Михајловиќ!

Она што со денови се најавуваше во Италија, се случи синоќа. Златан Ибрахимовиќ и Синиша …