(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски пијалок се лимон и лук.
Тоа е стар природен лек кој помага во чистење на наслагите на крвните садови и ја подобрува нивната еластичност, придонесува за намалување на ризикот од срцев удар, мозочен удар и ангина пекторис, има антиоксидативно дејство, има корисен ефект врз имунитетот и појавата на тумори. Покрај тоа, може да помогне во намалување на нивото на холестерол и триглицериди, наведува Еклиника и дава рецепт за таканаречениот манастирски пијалок.
Потребни се 300 грама лук и килограм лимони во кора. Исечете го лимонот на парчиња и изблендирајте го, како и лукот. Подгответе 1,5 литри вода да зоврие и додадете ги мелениот лук и лимон. На ниска температура и покриено, варете ја оваа мешавина максимум 15 минути, тргнете ја од оган и оставете да се излади. Истурете и чувајте во затворени стаклени садови, на ладно место.


Овој стар лек се консумира со пиење количина од 0,5 дл (чаша ракија) секое утро на празен стомак 25. дена. После тоа, се препорачува пауза од 10. дена, а потоа повторете ја постапката уште 25. дена.
Интересно е што лимонот и начинот на подготовка целосно го неутрализираат интензивниот мирис на лук, па со нормална хигиена на забите нема да имате проблем во однос на последиците од конзумирање на оваа намирница, иако пред вас е активен работен ден.

Фото:Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Откриени глумците на најскапиот филм на Нетфликс – фановите во транс: „Какви тројца фраери!“

Ѕвездата на хит серијата „Бриџертон“, Реж-Жан Пејџ, се приклучи на екипата на филмот „The Gray …