Зајакнување на имунитетот – Кето диетата е совршена за време на пандемија на корона вирус: Еве зошто лекарите нè советуваат сега вака да се храниме!

Нутриционистот Предраг Ненадиќ советува луѓето над шеесет години, како и оние кои прележале ковид, да се хранат на овој начин
Кето диетата е диета со малку јаглени хидрати и масти. За да постигнете позитивни резултати, за време на оваа диета треба да јадете многу малку јаглехидрати, висок степен на здрави масти во исхраната и умерено количество протеини.
Кога ќе го лишите телото ќе го лишите од јаглехидрати, тогаш ќе го доведете до таканаречената кетоза. И кога тоа ќе се случи, телото почнува да согорува маснотии, црпејќи голема енергија.
Кето диетата може да го намали шеќерот во крвта, нивото и инсулинот и да ви овозможи да изгубите на тежина.
Нутриционистот Предраг Ненадиќ ја советува Кето диетата за луѓето кои сакаат да го подобрат имунитетот, но и за оние кои се опоравуваат од вирусот корона. Целта е да се доведе телото во кетоза, каде што само се бори против болести.


Која храна да се избегнува?
Шеќер: Безалкохолни пијалоци, овошни сокови, шејкови, колачи, сладолед, колачи, итн.
Житарки и скроб: Производи базирани на пченица, ориз, тестенини, житарки, итн.
Овошје: Сите овошја, со исклучок на мали порции бобинки, на пример јагоди, малини, капини…
Грав и мешунки: Грашок, грав, леќа, леблебија, итн.
Коренест зеленчук: Компири, сладок компир, морков, пашканат, цвекло – се што не е зелено и расте под земја.
Немасни или диететски производи: Овие се обично високо рафинирани производи и често богати со јаглени хидрати.
Сосови: Обично содржат шеќер и нездрави масти.
Нездрави маснотии: Ограничете го внесувањето на рафинирано или нерафинирано растително масло, мајонез итн.
Алкохол: Поради неговата содржина на јаглени хидрати, алкохолните пијалоци можат да ве извади од кетоза.
Безалкохолни пијалоци без шеќер: Овие пијалоци често се богати со алкохолни шеќери, што може да влијае на нивото на кетони во крвта. Покрај тоа, тие честопати се многу рафинирани.
Сè на сè: Избегнувајте производи и храна базирана на јаглени хидрати, како што се житарки, штетни шеќери, мешунки, ориз, компири, слатки, сокови, па дури и повеќето овошја.


Што можете да јадете:
Месо: Црвено месо, стек, бут, колбаси, сланина, мисирка.
Мрсна риба: На пример, лосос, туна, пастрмка, скуша.
Јајца: Побарајте јајца од кокошки кои слободно шетаат во дворот.
Путер и кајмак: Побарајте путер од крави кои слободно се движат, ако е можно.
Сирење: Непреработено сирење (чедар, козјо сирење, сино сирење, моцарела).
Јатки и семиња: Бадеми, ореви, семе од лен, семки од тиква, чии семиња итн.
Здрави масла: Првенствено кокосово масло (за готвење), масло од авокадо, екстра девствено маслиново масло (за салата, не за готвење)
Авокадо
Зеленчук без многу јаглени хидрати: зелен листест зеленчук, домати, пиперки, кромид, краставица, зелена салата…
Друго: Можете да користите сол, бибер и разни здрави зачини и билки.
Најдобро е да ја базирате вашата исхрана на целосна, непреработена природна храна.
Сè на сè: Главниот дел од вашата исхрана треба да се состои од месо, јајца, путер, јатки, здрави масла, авокадо и многу зеленчук.

За Кето диетата, иако има многу менија тие се главно комбинации од дозволените намирници. Едноставно, погледнете што се е дозволено и искомбинирајте според личен вкус. За појадок најчести се комбинациите на јајца со зеленчук…но и смути – од зелен зеленчук со дозволеното овошје. Од засладувачите се препорачува дозволената, природна, стевија.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ВИДЕО+ФОТО) Дошол на венчавка со шест жени:„Сите се трудни од мене!“

На Инстаграм објавил фотографии од венчавката Контроверзниот богаташ познат како Прити Мајк предизвикал низа коментари …