(ВИДЕО) Ѓоковиќ трогнат со подарокот и разговорот со Абориџинка!

Новак Ѓоковиќ го завршува двонеделниот задолжителен карантин во Аделаида и скоро секој ден луѓето доаѓаат да го поздрават. Немало многу кои биле пооригинални од една Абориџинка.
Најдобриот тенисер на светот бил на балконот на неговата хотелска соба, давал интервјуа, играл оро, водел радио емисии и учествувал во разни предизвици на паузите помеѓу тренинзите пред Австралија опен.
Една дама од абориџинско потекло, која се бори за правата на староседелците во Австралија, решила да го посети тенисерот и да почека додека не излезе на балконот. Потоа се свртела кон него и му покажала што направила во негова чест.
„Ова е вашето патување. Ова сте вие ​​на средина, има играчи и навивачи околу вас. Поминавте низ многу различни земји за да дојдете во Австралија. Ова е за тебе“, рекла таа.
Новак и се заблагодарил, а таа му објаснила зошто го обожава.
„Знаеш зошто те сакам? Затоа што правам семејни работи со моите деца Абориџини, исто како што ти правиш во Србија“, викнала таа.
Тоа го трогнало најдобриот тенисер на светот која од срце се заблагодари и и’ испратил бакнежи од терасата.

Фото: Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Најлуд настап во историјата на Санремо: Погледнете ја изведбата на Ибрахимовиќ и Михајловиќ!

Она што со денови се најавуваше во Италија, се случи синоќа. Златан Ибрахимовиќ и Синиша …