(ВИДЕО) Нема летање над палатата на Путин!

Руските безбедносни служби воспоставија зона на забранети летови над палатата на морскиот брег вредна милијарда фунти, за што Владимир Путин тврди дека не е негова. Агентите на ФСБ навеле дека забраната за летови е воведена минатото лето со цел да се заштити црноморскиот брег од шпионите на НАТО. Случајно или не, во таа зона на забранети летови се наоѓа само замок со сомнително потекло со своето казино, лизгалиште и лозја.
Кремљ се обидува без многу успех да ја објасни палатата на морскиот брег од 17,691 квадратни метри, за која рускиот опозициски лидер Алексеј Навалјни тврди дека е финансирана од пријатели на Путин и дека ја чуваат државни агенции кои исто така го чуваат претседателот и неговото семејство.
Обвинувањата на Навалјни се појавија кога главниот противник на Путин беше уапсен при неговото пристигнување во Москва од Германија, каде се лекуваше откако беше отруен од новичок. Видеото од палатата на Јутјуб е прегледано повеќе од 95 милиони пати.


По масовните протести во Москва и другите руски градови во врска со апсењето на Навалјни, на кого му се заканува казна затвор од неколку години, самиот Путин се обрати пред јавноста, велејќи им на студентите дека „ништо што е наведено во видеото не е негова сопственост или на неговото семејство“. Тој побарал испитување на „монтираната снимка“, за која додал дека е „здодевна“.
Портпарол на ФСБ за локалните медиуми изјавил дека агенцијата вовела зона на забранети летови над ртот Идокопас, по должината на брегот на Црното Море, поради „зголемената разузнавачка активност од неколку соседни земји, вклучително и оние од блокот на НАТО“.

Западните медиуми наведуваат дека изјавата на ФСБ е само обид да се оправдаат неверојатните безбедносни мерки околу палатата, благодарение на што Навалјни и неговите соработници ја поврзаа палатата со Кремљ.
Еден член на тимот на Навалјни рече дека бродовите мора да бидат оддалечени најмалку наутичка милја од брегот каде што се наоѓа палатата.
Еколозите кои успеале да влезат на градилиштето во палатата во 2011. година наишле на агенти на Федералната служба за заштита кои инаку го чуваат Путин и други високи функционери. Службата тогаш соопштила дека нивните агенти не го чувале градилиштето или дека практикувале какви било ограничувачки мерки на тој дел од крајбрежјето.

Фото: Принтскрин/YouTube/Алексей Навальный

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …