Сите благодети на кафето: Ги намалуваат шансите за рак, го подобруваат памтењето…

Умерената потрошувачка на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот
Иако честопати се поврзува со негативни несакани ефекти, пиењето кафе секој ден всушност има позитивно влијание врз вашето тело

Ги намалува шансите за карцином
Умерената конзумација на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот! Редовната конзумација на кафе го намалува ризикот од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, деменција, цироза и некои видови на рак, како што се рак на црниот дроб и матката. За да можат антиоксидансите од кафето навистина да делуваат, потребно е да се елиминираат шеќерот и млекото.

Подобро расположение
Покрај спречувањето на болести, кофеинот од кафето е директно поврзан со мозокот и расположението. Позитивните ефекти на овој пијалок врз човечкиот ум вклучуваат подобра концентрација, будност и внимание. Некои истражувања покажале дека луѓето кои консумираат 2 до 3 шолји кафе на ден имаат помала стапка на самоубиство.

Подобрена меморија
Кофеинот, покрај тоа што делува како стимуланс, го подобрува вниманието и концентрацијата, а позитивно влијае и на долготрајната меморија.

Здраво тело и ум
Кафето има позитивни ефекти врз спортистите на ментално и физичко ниво. Кофеинот ги исклучува рецепторите во мозокот одговорни за аденозин, што предизвикува чувство на замор. Во зависност од тежината, неколку шолји кафе можат да ги подобрат и резултатите од тренингот и издржливоста.

Без претерување
Претерувањето е лошо во сè, исто е и со кофеинот. Можни симптоми на премногу кафе вклучуваат несоница, вознемиреност, паника и можен развој на зависност од кофеин чиј главен симптом е главоболка. Турското кафе и еспресото имаат малку повеќе холестерол, но не доволно за грижа ако умерено уживате во вашите дневни дози.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Најубава река на светот – во пет бои

Поголемиот дел од годината, Кано Кристалес е како и секоја друга река, но на крајот …