Ванеса објавила трогателно писмо од најдобрата пријателка на Џијана, Обри Калаган
Помина една година од трагичната смрт на славниот кошаркар Коби Брајант или Црна Мамба, како што го нарекуваа, и неговата ќерка Џијана.
Сопругата на Коби и мајката на Џијана, Ванеса Брајант, вдовицата на Коби и мајката на девојчето Ванеса Брајант се огласи на Инстаграм.
Ванеса објави трогателно писмо од најдобрата пријателка на Џијана, Обри Калаган, која се поздравила со неа на посебен начин.
„Денес го добив ова прекрасно писмо од една од најдобрите пријателки на Џијана, Обри. Те сакам Обз, како што те викаше мојата Џиџи. Ви благодарам многу за прекрасните спомени што ги споделивте со мене за мојата Џиџи и што ми дозволивте да ги споделам со сите на мојот Инстаграм“, напишала Ванеса.
View this post on Instagram
Таа додала дека Џиџи била неверојатна и се заблагодарила за прекрасното писмо.
„Таа многу те сакаше. И мене ми недостасува моето бебе и Коб- многу. Никогаш нема да разберам како може да се случи ваква трагедија на толку убави, драги и неверојатни луѓе. Сеуште не изгледа реално. Коб, сторивме сè добро. Џиџи, мама секогаш ќе биде горда на тебе. Те сакам “, порачала Ванеса.
Обри, меѓу другото, во писмото напишала:
„Почитувана г-ѓа Брајант,
Мојот ум постојано размислува за твојата прекрасна ќерка. Нејзината насмевка и став ме прават подобра. Веројатно сте го слушнале тоа, но ако некогаш станам мајка, се надевам дека ќерка ми ќе излезе точно како што изгледаше вашата. Таа знаеше кога имав лош ден и знаеше како да го подобри. Таа беше дарежлива и секогаш ми нудеше грицки кога ќе ги заборавев моите. Ми оставаше белешки во тетратката. Таа беше неверојатна. Во име на сите што ја запознаа можам да кажам дека таа ги смени нашите животи. Нејзините едноставни постапки нè направија подобри луѓе и верувам дека резултатите од тоа никогаш нема да престанат да се покажуваат.
Фото: Инстаграм