Малку оптимизам – Извештај на ИЈЗ од 18 до 24 јануари, 2021г: Намалување од 28% на нови случаи и 12,7% на починати, споредено со претходната недела – паѓа и процентот на позитивни од тестираните

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=299; 17,3%), 50-59 (n=298; 17,3%), 30-39 (n=287; 16,6%), и 20-29 (n=231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=32; 1,9%) и 10-19 години (n=73; 4,2%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 18 до 24 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ЛОШ ИЗВЕШТАЈ: Денеска се регистрирани 603. нови случаи на Ковид 19 – Починати се 39 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …