Во петок во НОБ – „Балетски бисери“

Националната опера и балет на 29.1.2021 (петок) со почеток во 20 часот Ви го најавува балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ кој ќе ги опфати најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

Билетите се во строго ограничен број.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Театар Комедија на 5. и 6. март со претставата „На отворено“

На 5 и 6 Март (петок и сабота) на големата сцена во Театар Комедија ќе …