(ВИДЕО) РОМАНИЈА: Мечка го бркала по скијачката патека – луѓето на жичарницата врескале

Љубителите на зимските спортови ги искористија деновите јануари за да уживаат во снегот, а десетици илјади од нив се упатија кон ски центрите. Сепак, за еден скијач во Романија едно спуштање речиси трагичноло, откако мечка го бркала додека беше на патеката.
Еден од скијачите го снимил необичниот настан од жичарницата во Предеал, познат романски ски-центар. Тој виде крзнено чудовиште како трча по патеката и се обидува да фати еден млад човек кој се симнува.


Момчето во паника ја зголемило брзината, а луѓето што биле на жичарницата со извици и свирежи се обиделе да го свртат вниманието на мечката. Сепак, ѕверот не сакал да се откаже од пленот.
За среќа, загрозеното момче во последен момент успеало да извлече жива глава. Се сетил дека има ранец на грбот и успеал да го фрли за малку да ја забави мечката.
Ова успеало да ја збуни мечката, која на крајот застанала покрај ранецот и започнала да ја кине, веројатно во потрага по храна.

Фото: Принтскрин/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Филм за Шумахер кој е поддржан и од неговото семејство

Од несреќата што му се случи на скијање, речиси ништо не се знае за Михаел …