Челзи и официјално му дал отказ на Френк Лампард и го испратил со критики

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард беше официјално отпуштен во понеделникот попладне, објави лондонскиот клуб и објасни зошто е тоа направено.
Она за што се шпекулираше во медиумите на почетокот на работната недела наскоро се оствари заради слабите резултати на клубот во изминатите месеци во Премиер лигата.
Челзи не направи чекор напред во лигата, тие се наоѓаат на деветтото место и тоа е причината што управата на клубот се реши на овој потег.

„Ова беше многу тешка одлука и која ниту Управниот одбор ниту сопственикот не ја прифатија лесно. Благодарни сме му на Френк за сè што постигна додека беше менаџер. Сепак, неодамнешните резултати не се во согласност со очекувањата на Челси, оставајќи го клубот на средина на табелата без јасен пат и одржлив напредок“, се вели во соопштението.
Точно, Лампард забележа пет порази од десет натпревари (едно реми) од 12. декември до денес, а оној од Лестер пред шест дена беше капка што ја прелеа чашата.


„Никогаш не е добро време да се прекине соработката со клупска легенда како Лампард, но по долго размислување беше одлучено дека е потребно да се подобрат резултатите од оваа сезона“, рекол
Роман Абрамович, сопственик на Челси, кој вели дека тој лично има одлични односи со Лампард, со кого се познава од раните 2000-ти.
„Тој е човек со голем интегритет и голема работна етика, но под сегашните околности, мислам дека е најдобро да се смени менаџерот“, рекол Абрамович и му се заблагодарил на Лампард, посакувајќи му успех во иднина.
„Тој секогаш ќе биде добредојден на ‘Стемфорд Бриџ’, рекол Абрамович. Да потсетиме, Лампард пристигна во клубот летото 2019 година на позицијата менаџер на „сините“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …