(Рецепт) Величествените кефир и хељда: Во комбинација го намалуваат шеќерот во крвта, ги чистат цревата и крвните садови, го нормализираат метаболизмот и функцијата на панкреасот

Еве ефикасен природен лек што се користи во руската народна медицина
Бидејќи токсините што се акумулираат во нашето тело можат да бидат причина за разни болести, она што треба да го направиме е да го чистиме на секои шест месеци. Честите настинки, инфекции, замор, поспаност, деконцентрација се доказ за присуство на токсини во организмот, малигни бактерии и други помалку штетни материи.
Еве еден ефикасен природен лек што се користи во руската народна медицина и кој е подготвен од две состојки: кефир и брашно од хељда. Многумина го нарекуваат кефирот еликсир на младоста и здравјето, а брашното од хељдата има исклучителни лековити ефекти. Го зајакнува телото, ги подмладува крвните садови, го намалува заморот, ја зголемува циркулацијата на крвта во рацете и нозете и го зголемува испуштањето на урина.
Овој лек е одличен за меморија и концентрација, особено за постарите луѓе. Брашното од хељда го намалува крвниот притисок, помага при атеросклероза и лечи запек. Во комбинација со кефир, го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Состојки:
1 лажица брашно од хељда
2. 180 мл кефир
3. малку мед
Подготовка:
1. Кефир (180 ml) треба да се прелие преку една лажица брашно од хељда и добро да се измеша. Оставете ја смесата во фрижидер преку ноќ. Мешајте ја смесата уште еднаш наутро и таа е подготвена за консумирање.
2. Оваа мешавина треба да се јаде наместо појадок. Можете да го засладите со мед ако сакате.
3. Откако ќе ја изедете оваа мешавина за појадок, не јадете три часа. Повторувајте ја оваа постапка 14. дена на секои шест месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …