ОВИЕ ЗЕМЈИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ВОВЕДАТ КОВИД ПАСОШИ: За влегување на нивната територија ќе ви биде потребна потврда за вакцинирањето!

Повеќе од пет часа, водачите на Европската унија разговарале за потребата од заеднички пристап во продолжувањето на борбата против пандемијата, вклучително и предлог за издавање на сертификат за вакцинација.
Одлуката била да се одложи донесувањето на таа одлука, а самата дискусија повторно ги поделила членкитена повеќе „блокови“.
Нешто пообединети биле оние во врска со потребата од построги контроли на границата заради новото зголемување на бројот на случаи низ целиот континент, како и за забрзувањето на процесот на вакцинација. Сепак, прашањето за издавање на сертификати за вакцинирани граѓани што би служеле како „пасоши на ковид“, односно карти за патување без ограничувања, предизвикало поголема бура.
Воведувањето на единствен сертификат за вакцинација против вирусот корона, кој ќе важи низ цела ЕУ и ќе го олесни патувањето, прв го предложил грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според неговата идеја, вакцината не треба да биде задолжителна или предуслов за патување, но вакцинираните лица треба да патуваат слободно. Според него, доколку членките на ЕУ се согласат за заедничка формула, тоа може да влијае на слободата на патување на глобално ниво.


Според некои извори, голем број земји ја поддржуваат идејата за вакви сертификати, особено туристички ориентираниот Медитеран, но некои веруваат дека е „сè уште рано“ за тоа. Сепак, акцентот на многу водачи е да се користат такви сертификати како „медицински документ“ наместо како „патнички документ“, барем во овој момент.

Она што засега е сигурно е дека за оваа одлука ќе бидат потребни повеќе информации, од колку време трае имунитетот по вакцинирањето, до кои правила ќе важат за оние кои биле вакцинирани со вакцини кои не биле одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Според „Еуроњуз“, иако воведувањето на „ковидни пасоши“ би го олеснило движењето, тие би можеле да ги загрозат правата на приватност и да им овозможат на земјите да ги утврдат правата на поединците врз основа на нивните здравствени досиеја. Исто така, во овој момент тоа би значело дискриминација на луѓето кои сè уште немаат пристап до вакцината или не можат да се вакцинираат поради контраиндикации.
Европската комисија е повикана да размисли за воведување на сертификат за вакцинација за земјите од Шенген-зоната, што би резултирало со голем поттик за туристичката индустрија. Воведувањето на такви „сертификати“, што сите земји-членки треба да ги признаат, најмногу го застапуваат земјите во кои туризмот и патувањата се едни од клучните гранки на економијата.


Во некои земји, како што е Грција, на оние кои ја примиле вакцината „ковид-19“ веќе им е дозволен влез без никакви ограничувања. Грчкиот премиер потврдил дека невакцинираните патници ќе мора да направат негативен тест за ПЦР, како и дека ќе бидат предмет на задолжителен карантин при влегувањето во земјата.
Неколку други европски земји сега воведуваат исклучоци за патниците кои имаат потврда за вакцинација. Со оглед на тоа што туризмот беше сериозно погоден од пандемијата, владите сакаат да ги рестартираат своите економии и дека на „пасошите на ковид“ гледаат како на начин да го сторат тоа.
Полска сега им дозволува на посетителите кои имаат сертификат да влезат во земјата без ограничувања. Данска, Естонија и Исланд исто така сакаат да ја воведат мерката, а во вторникот шпанскиот министер за туризам објави дека неговата земја ќе го следи тој пример.
Сепак, Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше владите да не брзаат со укинување на ограничувањата на вакцинираните патници. Во петокот, комитетот на СЗО предупреди дека „сè уште има премногу основни непознати работи во врска со ефективноста на вакцините и намалувањето на преносот на вирусот, а вакцините сè уште се достапни само во ограничени количини“.


Шпанија го спасува туризмот
Шпанија наскоро ќе се најде на списокот на европски земји кои планираат да воведат сертификат за вакцинација што ќе го олесни движењето на патниците и ќе му помогне на туристичкиот сектор да се опорави од штетите предизвикани од пандемијата.
Шпанската министерка за туризам Рејес Марото објави дека владата на земјата работи на воведување на сертификати кои ќе ги имаат истите функции како оние што треба да ги воведат другите европски земји. Според Марото, одговорноста на владата не била само да се спротивстави на вирусот, туку и да ја одржи конкурентноста на шпанскиот туризам.
Туристичкиот сектор на Шпанија се соочил со 75% намалување на приходите во секторот туризам, додека бројот на меѓународни посетители минатата година се намалил за 20 милиони.

Италијанскиот туристички сектор апелира до владата
Италијанската национална туристичка федерација ја повикала владата да ја забрза националната кампања за вакцинација и да издаде потврди за оние кои примаат вакцина за корона.
Во соопштението за медиумите, Федерацијата признава дека е целосно свесна за ситуацијата во врска со ширењето на пандемијата и за неизбежните контролни мерки што италијанските граѓани мора да ги почитуваат. Сепак, тие посочуваат дека италијанската туристичка индустрија, по десет месеци неактивност, мора да се рестартира најдоцна до крајот на пролетта.
Затоа Федерацијата бара од владата да најде решенија компатибилни со економската одржливост на 380.000 компании кои вработуваат четири милиони луѓе.

“Ковид пасошите” и во рускиот регион
Руската Република Башкортостан ќе воведе „ковид пасоши“ од 5. февруари и со тоа ќе стане првиот регион во земјата што го презема тој чекор, најавил гувернерот Радиј Хабиров. Електронски документ со QR-код автоматски ќе им се издава на жителите кои имаат антитела кон короната преку владиниот портал.
Пасошот на вакцинирани лица ќе важи една година, додека за оние кои имаат развиено антитела, тој ќе трае три месеци по прележаната инфекција. Претходно заразените граѓани чие ниво на антитела е под пропишаната норма ќе мора да ја примат вакцината.
Носителите на „ковид пасоши“ ќе бидат ослободени од многу ограничувања на пандемијата, вклучително и социјалното растојание и самоизолацијата. Единствен исклучок се маските, кои вакцинираните граѓани ќе треба да ги носат до крајот на оваа година.
Носителите на документи, исто така, ќе имаат право на попусти кај регионалните продавачи, како и на спортски и забавни места, хотели и одморалишта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …