Новак излегува од „затворот“ – Во петок игра турнир со ѕвездите

Големите тениски sвезди нема да играат само на Австралија опен, туку и на увертирата на најавениот турнир „A day at a Drive“, што ќе се одржи во петок на 29. јануари.
Списокот на учесници е официјализиран, осум во машка и женска конкуренција ќе бидат актерите на турнирот – Серена Вилијамс, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Доминик Тим, Симона Халеп, Наоми Осака, Јаник Синер и Ешли Барти.
Интересно е името Синер затоа што станува збор за 19-годишен талент кој во моментов е 36. играч во светот, а минатата година стана најмладиот четвртфиналист на Ролан Гарос по Новак Ѓоковиќ (2006).
Сите учесници заедно имаат 67. Грен слем титули, турнирот ќе се игра пред намален број на гледачи, во две сесии со по два меча во сингл. Распоредот на натпревари се очекува наскоро, а списокот на учесници засега е официјализиран.
Програмата се очекува да започне во петок во 14:30 часот, во тенискиот клуб Меморијал Драјв во Аделаида.
Билетите за оваа ревијална програма чинат 30. долари, или 5. долари за деца.

Билетите се распродале за рекордно време, а капацитетот од 5.000 места бил намален на 1.000 заради пандемијата на коронавирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …