Извлечен џекпот вреден повеќе од милијарда долари

Победничкиот билет на џекпотот на лотаријата „Мега Милиони“, вреден 1,05 милијарди долари, што е трета највисока добивка во историјата на американската лотарија, бил продаден во супермаркет во предградието на Детроит, соопшти денеска организацијата.
Во соопштението на „Мега Милионс“ се наведува дека сопственикот на билетот, кој чинел два долари, сè уште не стапил во контакт со лотаријата.
Билетот е купен во супермаркетот Крогер во Нова,во државата Мичиген.
Победникот може да го добие џекпотот во годишните исплати за следните 29. години, иако 24 проценти одат на даноци или да бара исплата во готовина или 530 милиони долари по оданочувањето.
Џекпотот во изминатите четири месеци добил на износот бидејќи во изминатите четири месеци на 36. извлекувања немало добитници.
Најголемата добивка досега била 1,586 милијарди во јануари 2016 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …