(ВИДЕО) Никола Зацески во чест на 40-от роденден на Тоше, направи преработка на песната „За овој свет”

Моментално најактуелниот македонски пејач Никола Зацески, во соработка со Австралиската хуманитарна организација “Play Without Boundaries” и оваа година традиционално, но со специјални протоколи успешно го поставија најновото издание на хуманитарниот концерт “A Child’s Smile – Детска Насмевка” во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Оваа година на хуманитарниот концерт учество зедоа следните артисти:
Никола Зацески – вокал
Крис Чагоровски – кларинет/саксафон
Владо Вики – клавијатура
Концертот е снимен во IN TV студио Мелбурн, Австралија

Видео – Миле Манев
Аудио – Горан Вељановски
Покрај хуманитарниот концерт, Никола Зацески во чест на 40-от роденден на Тоше, направи и преработка на песната „За овој свет”, во продукција на Николче Мицевски.

„Со идеја целиот настан да добие што поголемо значење со огромна чест и задоволство ја снимив преработката на Тошевата ‘За овој свет’, тоа е најмалку што можам за да ја искажам мојата огромна почит за човекот кој несебично покажа како се пее, помага, сака, почитува и најважно како е да се биде човек пред се. Среќен Роденден Ангелу наш, твоите песни и дела никогаш нема да дозволиме да згаснат. За разлика од изминатите години, оваа година хуманитарниот концерт во чест на Тоше, заедно со мојот тим од “Play Without Boundaries” го остваривме во посебни услови и со посебни протоколи и е достапен за сите фанови ‘online’. Комплетниот приход од овој проект е наменет за помош на ‘Детелинка Плус’.Сакам лично да се заблагодарам до мојот тим, моите колеги музичари, видео продуценти, спонзори, медиуми и сите други што помогнаа во оваа тешка година да го реализираме овој голем проект кој има преголемо значење за мене”, ни рече Никола Зацески.

Anthem of UNICEF / Химна на УНИЦЕФ Music / Музика: Mladen Markovic

Arr / Аранжман: Alesh Klinar

Lyrics / Текст: Mladen Markovic

Recast by / Преработено: Vesna Malinova

This version / Оваа верзија:

Vocal / Вокал: Nikola Zaceski

Arr / Аранжман: Nikola Micevski

Backing vocals / Пратечки вокал: * Teodora Micevska * Jana Micevska

Video montage / Видео монтажа: * Pece Zdravkovski

Supported by / Поддржано од: Play Without Boundaries http://www.playwithoutboundaries.com.au

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …