Шокантни признанија за инцести во детството ја тресат Франција

Денес претседателот на Франција, Емануел Макрон вети многу поголема активност на државата во борбата против сексуалната злоупотреба на деца од членовите на семејството, кажувајќи им на жртвите дека повеќе никогаш нема да бидат сами.
Француската влада во четвртокот објави построга казна за силување на деца, откако стотици жртви минатата недела зборуваа на Интернет за сексуалната злоупотреба на која биле изложени во нивните семејства.
Во видео порака денес, Макрон вети дека сериозно ќе се справи со овој проблем и превентивни разговори со секое дете и во основно и во средно училиште.

Тој навел дека државниот здравствен систем ќе финансира психолошка помош на деца жртви на сексуално насилство.
„Уништени животи во светоста на детската соба. Украдено детство за време на семејни одмори или време за кое се претпоставувало дека е невино. Никој повеќе не може да ги игнорира овие сведоштва, овие зборови, овие плачења. На нас е да застанеме против сексуалното насилство врз нашите деца“, рекол Макрон.
Масовните сведоштва во Франција за сексуално злоставување во семејството следеа после обвинувањата против познат политички аналитичар за сексуално злоставување на деца.
Случајот, исто така, доведе до бран сведоштва од страна на мажите дека тие одамна биле сексуално злоставувани од други мажи.
Светската здравствена организација наведува дека меѓународните истражувања покажуваат дека секоја петта жена и секој 13-ти маж пријавиле дека биле сексуално злоупотребени на возраст под 18 години.

Фото: Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на бројни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста …