(ФОТО) Емотивниот Новак и порака за посебна личност во неговиот живот

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е во Аделаида, каде е во карантин пред настапот на Австралија опен, а популарниот Ноле има причина да ја разбие мононијата во карантин со прослава.
Мајката Ѓоковиќ, Дијана денес го слави 57-от роденден, а Новак и испратил убава порака преку својот профил на Инстаграм:

“Те сакам, мамо. Среќен роденден“, напиша тој на српски и англиски јазик, со придружно срце.


На Новак му остануваат уште неколку дена карантин, по што треба да добие дозвола и да ги започне официјалните подготовки за првиот Грен слем во сезоната, кој е на програмата од 8. до 21. февруари.


Ова е исто така само прва причина за славење во 2021. година, бидејќи Новак ќе го прескокне Роџер Федерер на почетокот на март според бројот на недели поминати на врвот на АТП-листата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонија ја победи Малта но со многу мака

Македонската фудбалска репрезентација со многу мака дојде до победа против Малта на стартот на квалификаците …