ТАЖНО – За само три недели му починале две деца: Лери Кинг не можел да се помири со губитокот на синот и ќерката

Познатиот водител почина вчера на 87-годишна возраст
Лери Кинг, легендарниот американски водител, доживеа голема трагедија ова лето, кога неговите две деца починаа за само три недели.
Во јули, посвоениот син на славниот водител, ненадејно почина на 65-годишна возраст од срцев удар, а само три недели подоцна, ќерката на Лери Кинг ја загуби битката со ракот на белите дробови. Водителот, кој веќе беше во многу тешка ситуација, не можеше да се помири со нивната загуба, поради што многумина сметаат дека тагата го забрза неговото заминување. Поради пандемијата на вирусот корона, тој не можел да присуствува на погребот на неговите најблиски, што дополнително го скршило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larry King (@larrykingnow)

Да потсетиме, Лери страдаше од дијабетес, имаше неколку срцеви удари, а исто така страдаше од рак на белите дробови. На 2 јануари тој бил примен во болница со симптоми на коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Larry King (@larrykingnow)

Фото: Принтскрин/YouTube/KTLA 5

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОВТОРНО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Епицентарот близу Дубровик – се тресело тлото и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е забележан синоќа, на границата на БИХ …