(Рецепт) Чудесен мелем на Ирина Воливикова: Ја елиминира болката во зглобовите!

Секој може да го направи овој мелем кој потекнува од југот на Русија и помага при сите шинувања, истегнувања, вкочанетост, модринки, болка во скелетот и мускулите.
Подобар е од која било реклама, не чини скоро ништо, освен трудот и вашата верба дека тоа добро ќе го направите. Мелемот за сите проблеми со скелетот, зглобовите и мускулите доаѓа од југот на Русија, директно од тајните нотеси на Ирина Воливикова. Таа не го измислила тоа, само го зела од нејзината баба која го користела за сите заболувања со коските.
Стариот рецепт на баба и денес е релевантен за сите шинувања, истегнувања, вкочанетости, модринки, болки во скелетот и мускулите.
Главната состојка е – листови од рен. Веројатно знаете дека коренот од рен има и лисја и расте и во Русија но и во Македонија. Неопходно е да се собираат лисја од рен во текот на летото, бидејќи тоа е главната состојка во мелемот што ќе ви донесе ослободување од болки во коските и мускулите.
Покрај тоа, овој мелем, кога се зема орално, ги отстранува солите од организмот, лечи атомични проблеми и се бори против вируси, бактерии и патогени од сите видови.


Рецепт:
Соберете ги лисјата од рен, измијте го и ставете го во вода само еднаш да зоврие, а потоа сомелете ги во мелница за месо. Ќе почувствувате силен мирис на рен кој ви ги насолзи очите, опоен и лековит антисептик.
Ставете ги мелените лисја од рен во тегла до половина. Додадете лажица мед. Налијте со 50% алкохол или ракија. Мешајте со лажица за да се раствори медот и да се соединат сите состојки, затворете ја теглата и полека свртувајте ја сè додека убаво не се измеша и не стане униформа смеса.


Оставете ја теглата на темно место и протресете ја секој ден.
Оставете да стои на темно место две до три недели, но секој ден се протресува барем два пати.
За три недели, мелемот треба да се филтрира низ неколку гази за да не остане ниту една честичка.

Како се применува?
Ако целта е болно место, зглобови, мускули, тогаш мелем од лисја од рен се користи со натопување компреса кој потоа се зацврстува на болното место со завој.Претходно, треба да се провери дали кожата има реакција на јакиот мелем од рен. Ставете малку на кожата и почекајте ја реакцијата.
Се користи на два начина: со примена на болни места и со орално конзумирање.
Друг начин за употреба на мелемот е орално, за внатрешна употреба. Обично се пие разредено во млака вода во случај на кашлица, настинка, вирус, грип, една лажичка се зема половина час пред јадење.


Мелемот е добар за стомакот и за белење на пигментацијата.
Овој мелем, велат тие, е најмоќен за ангина. Се користи и за проблеми со стомакот. Особено е популарен за избелување на кожата од пигментација и воопшто, за посветол тен.
„Бидејќи е силен антисептик, може да се користи за сите проблеми со кожата и стомакот, може да се користи за заболени непца“, советува Ирина Воливикова.
Постојат многу употреби, и бидејќи е моќен и силен лек, постојат ограничувања: не треба да го користат оние кои имаат проблеми со стомакот, додека умерена употреба се препорачува за бремени жени.
Како и да е, ако го прескокнете летото и заборавите да го направите овој прекрасен мелем за зимата, секогаш имате поправка, на есен. Потоа можете да направите мелем од коренот на рен, кој пристигнува во доцната есен. Се прави на ист начин, има мали разлики во својствата, а придобивката е голема.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …