НЕМА МИР ВО МЕЛБУРН: Нови инфекции со вирусот корона поврзани со Австралија Опен

Случаите со вирусот корона поврзани со тенискиот шампионат Австралија опен продолжуваат да се појавуваат, откако уште четири лица се разболеа од вирусот.
Властите на Викторија во саботата пријавија нов случај поврзан со Австралија опен – човек на дваесеттина години, кој не е тенисер, пренесува „Гардијан“.
Оттогаш е потврдено дека тројца други не-тенисери – двајца мажи во 30-ти и еден во 50-тите години имаат од многу заразниот сој на вирус од Велика Британија.

Сите тројца се во строг карантин од слетувањето во Мелбурн.
Тие во Мелбурн пристигнале со посебен чартер лет на Австралија опен на 15. јануари, а првите позитивни тестови ги добиле на 15, 17 и 18 јануари, објавиле властите во Викторија.
Постојат 10 активни случаи поврзани со шампионатот, а 970. лица поврзани со турнирот се во карантин, според британскиот весник.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Најлуд настап во историјата на Санремо: Погледнете ја изведбата на Ибрахимовиќ и Михајловиќ!

Она што со денови се најавуваше во Италија, се случи синоќа. Златан Ибрахимовиќ и Синиша …