ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА ГОТВАЧИ ПОЧЕТНИЦИ: Ефтина, брза и вкусна пита со јогурт – идеална за сите оброци!

Едноставен рецепт за готвачи – почетници.
Потребно е:
4 јајца, еден прашок за пециво, лажичка сол, една кисела павлака, две и пол чаши јогурт (мерката е шолја павлака), 100 милилитри масло, половина килограм тенка кора од пита, масло за премачкување на кората.
Подготовка:
Јајцата изматете ги со миксер додека не се запенат, додадете сол, прашок за пециво, 100 милилитри масло, павлака и две и пол чаши јогурт и мешајте додека не се изедначи смесата. Ставете хартија за печење во плитка тава, посипете со масло. Потоа ставете една кора, посипете со масло, а потоа друга. Другите кори една по една потопете ги во мешавина од јајца, јогурт и павлака, но така кората да биде стуткана (но лабава) и наредете ја во тава. Ако ви преостане вишок смеса, истурете ја одозгора, ставете една кора одозгора и посипете со масло. Печете на 180 или 200 степени додека не порумени.


Кога е готово, покријте со алуминиумска фолија и ставете крпа за да ја направите питата помека. По десет, 15 минути, исечете на коцки и – уживајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …