Денес е спомен на Преподобен Теодосиј Велики: Се чествува светецот поради кој монасите живеат поинаку од другите луѓе

Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобен Теодосиј Велики…
Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.

Блажениот Михаил
Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Денеска е спомен на Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски: Живот со мисија за Синот Божји!

Македонската православна црква денеска го одбележува споменот на Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски, Свети Алексеј митрополит …