(ВИДЕО) КОКОС РОЛНИЧКИ СО БЕЛО И ЦРНО ЧОКОЛАДО: Едноставни непечени колачи кои сите ќе ги обожуваат!

Тие се толку лесни за правење а резултатот, многу украсни и вкусни колачиња
Состојки:
200 мл вода, 150 гр шеќер, 200 гр путер или маргарин, 200 гр млеко во прав, 200 гр кокос, 4 лажици мелени бисквити, 1 лажица какао, 100 гр бело чоколадо, 100 гр темно чоколадо, хартија за печење или фолија
Подготовка:
Варете ги шеќерот, водата и путерот. Тргнете од оган и брзо вмешајте ги млекото во прав и кокосот. Додадете ги бисквитите и убаво измешајте (може и рачно да мешате) и тестото поделете го на два дела.
Во едното ставете какао и 100 гр растопено темно чоколадо, а во другото 100 гр стопено бело чоколадо.
Оставете ја смесата да се излади (не да се стегне).


Со сукало на хартија за печење расукајте ја белата смеса, а на друга хартија за печење расукајте го темниот дел, и потоа преклопете го тестото еден на друг. Поминете со сукалоубаво да се спојат деловите. Исечете ленти со ширина од околу 1 см. завиткајте и извртете за да се направат шари (можете да гледате на видеото). Се сечат на помали парчиња и се валкаат во кокос. Оставете ги колачињата во фрижидер да се стегнат. Пријатно!

Фото: Принтскрин/youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ОВОЈ ЕВРОПСКИ ОСТРОВ Е ОАЗА БЕЗ КОРОНА: Сардинија од денес се враќа во нормала

Додека во северна Италија се зголемува бројот на нови случаи на ковид 19, островот Сардинија …