(ФОТО) КОГА ПРВАТА ДАМА ЌЕ НАПРАВИ КОЛАЧИ: Џил Бајден им однела послужување на членовите на Националната гарда во Капитол

Новата прва дама на САД, Џил Бајден, ненајавено го посети Капитол и однела корпи со чоколадни колачи на членовите на Националната гарда, заблагодарувајќи им се што се грижеа за неа и за безбедноста на членовите на нејзиното семејство за време на инаугурацијата.
На овој начин, рекла таа, сака да им се заблагодари во името на претседателот Џозеф Бајден и целото семејство Бајден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

„Белата куќа печеше чоколадни колачиња за вас“, им рекла Џил Бајден на собраната група членови на гардата, шегувајќи се дека сè уште не може да каже дека сама ги направила.

Таа исто така рекла дека нејзиниот покоен син Бо бил член на Националната гарда на армијата Делавер и дека тој поминал една година во Ирак во периодот 2008-2009 година.
Бо Бајден почина од рак на мозок во 2015. година на возраст од четириесет и шест години.

„Значи, јас сум мајка на Националната гарда“, рекла првата дама на САД и додала дека Националната гарда засекогаш ќе има посебно место во срцата на сите членови на семејството Бајден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

Ненајавената посета на трупите во Капитол уследила по нејзиното прво појавување како прва дама на Соединетите Држави, кога таа посетила клиника која се грижи за пациентите кои страдаат од канцер.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер се повторно заедно!?

Американскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирина Шајк (35) биле фотографирани заедно во …