(ФОТО) Бил Гејтс ја примил првата доза на вакцина против коронавирус

Тој им се заблагодарил на сите на првата линија на одбраната
Бил Гејтс ја примил првата доза на вакцина против коронавирус. Основачот на Мајкрософт ги споделил овие информации на социјалните мрежи. По тој повод, тој им се заблагодарил на сите луѓе кои работеле на правење лекови и вакцини против КОВИД-19.
„Една од предностите на моите 65. години е што ги исполнувам условите за вакцината Ковид-19. Првата доза ја добив неделава и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, волонтери во истражувањата, регулаторните тела и медицинските работници кои се на првите редови на одбраната, и кои нè доведоа до овој момент“, рекол во својот пост на Твитер американскиот милијардер кој инаку е познат како поборник на вакцинација

Фото:Тwitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на бројни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста …