УБАВ ГЕСТ: Донација на НОЕЛ за болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена – возило „Volkswagen“ опремено со сите неопходни инстументи, со пропратен медицински материјал и апаратура за да функционира како амбулантно возило за пациентите при Општа Болница со проширена надлежност – Гевгелија.
Донатор е конфекцијата „НОЕЛ“ од Гевгелија, а примател Општа Болница Гевгелија, која здравствено е надлежна за регионот на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Возилото беше набавено за потррбите на конфекцијата НОЕЛ од Гевгелија, но со налетот на корона епидемијата истото со одлука на компанијата беше преадаптирано за да послужи за здравствена намена на граѓаните и оние кои ќе побараат лекарска помош од гевгелиската болничка установа.
„Посакуваме возилото да се користи поретко, но се надеваме дека со збогатувањето на возниот парк на Општата болница во Гевгелија уште повеќе ќе бидат подобрени здравствените услуги кон граѓаните. А тоа беше и основната цел на вработените во нашата компанија – да им помгогнеме на сите граѓани во градот и во општината, а тоа ќе го правиме и во иднина“, рече при примопредавањето на амбулантското возило Николина Главчева, управител на компанијата „НОЕЛ“.
Донацијата, возилото денеска беше довезено до дворниот простор на Болницата, а клучевите од него ги прими директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ д-р Митко Крџев. Тој заедно со благодарноста за новото амбулантско возило, опремено и обележено по сите прописи искажа и задоволство што на овој начин и квантитативно и квалитативно се подобрува возниот парк на болницата, а времето на транспорт на пациентот веќе не е фактор на загуба туку нова надеж за болниот, сите примарни медицински зафати да ги добие уште при транспортирањето до Болницата.
„Тоа е посебно значајно воопшто за обавувањето на квалитетните здравствени услуги, а посебно сега кога се уште се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, иако во намален обем“ нагласи Крџев.
Директорот Крџев заедно со благодарноста до донаторот (менаџментот и вработените на „НОЕЛ“) испорача и честитки за 30- годишниот јубилеј на гевгелиски „НОЕЛ“ што беше обележан во 2020 година. Како една од најуспешните компании во регионот тој посочи дека НОЕЛ и во други прилики излегувал во пресрет на потребите на Болницата. Вакви напори за помош на здравственот систем во општината направија и други гевгелиски компании кои со доделените донации ја потврдија својата општествена одговорност“, потсети д-р Крџев.

Извор: gevgelijanet.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Филипче:„Измените на ЗЗО ќе овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија во секое време, а државата да заштеди пари“

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО) освен што ќе се воспостави систем на …