Тенисерка од Австралија порачала: „Само Ѓоковиќ се грижи за нас!“

Сакам да му одадам почит
По постојаните напади, пред почетокот на Австралија опен, на Новак Ѓоковиќ во последните неколку дена, се огласија и тенисери кои застанаа на негова страна. Сега се огласи швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ и му се заблагодарила на светскиот рекет број еден.
„Сакам да му оддадам почит на Новак Ѓоковиќ. Иако неговиот предлог беше одбиен, тој е единствениот врвен тенисер кој не поддржа. Убаво од него“, изјавила поранешната четврта тенисерка во светот.
Таа додала и дека условите во карантин се катастрофални.
„Што се однесува до карантинот во Австралија, јас го разбирам тоа. Јас разбирам дека најдобрите тенисери во светот се оние кои привлекуваат најголемо внимание, кои прават најмногу за нашиот спорт. Во ред е со мене, но мора да престанеме да зборуваме за залагање за еднаков третман. Некои тенисери имаат поголеми, некои помали соби во хотелот, јас имам собен велосипед, некој друг не. Тоа е неправедно“, рекла Бенчиќ.
Инаку, Новак Ѓоковиќ беше нападнат од јавноста и многу тенисери кога се заложи сите 72 учесници да добијат подобри услови пред турнирот, кој започнува на 8. февруари.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пронајден исчезнатиот фудбалер: Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, чие тело беше пронајдено четири дена откако исчезна, беше „нежен џин“ …