Лери Кинг, славниот водител на телевизија и радио, почина на 87-годишна возраст, неколку недели откако се бореше со КОВИД-19.
Продуцентската куќа на Кинг во соопштение во саботата (денес) ја објави неговата смрт.
— Larry King (@kingsthings) January 23, 2021
„Со огромна тага, Ора Медиа ја објави смртта на нашиот коосновач, водител и пријател Лери Кинг, кој почина утрово на 87-годишна возраст во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес“, соопшти компанијата.
„Ора Медиа им испраќа сочувство на неговите деца Лери јуниор, Шанс, Канон и целото семејство Кинг“.
Не е дадена причината за смртта, сепак, тоа се случи три недели откако Кинг беше хоспитализиран со коронавирус.
Пријавено е дека по 10. дена бил преместен надвор од ICU на 4. јануари, но останал во болница на лекување.
Happy Thanksgiving!
I’m thankful for my boys and dinner from Craig’s! pic.twitter.com/N91GZA9jOj— Larry King (@kingsthings) November 27, 2020
За Кинг се смета дека го фатил вирусот од здравствен работник кој го посетил неговиот дом, изјавил извор за NBC. Еден од неговите синови, кој не е именуван, исто така имал позитивен тест, рекле тие.
Неговата возраст и лошата здравствена состојба биле причина за загриженост и на изложеност на зголемен ризик. Во минатото претрпел бројни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, рак на простата и бели дробови и дијабетес тип два, известува Daily Mail.
Фото:Тwitter.com