Викендов подгответе се за дожд: Во западниот дел од земјата децата ќе можат да уживаат во зимските радости…

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од попладневните часови во западните, а до вечерните часови и во останатите делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Врнежите попладне во западните делови ќе бидат обилни, а на планините ќе бидат од снег. Во ноќните часови на повеќе места врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од јужен и југоисточен правец (повремено околу 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 7. до 14. степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1. до 6., а максималната ќе достигне од 6. до 12. степени.


Во недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25 литри на квадратен метар). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. Ќе има умерен до засилен јужен ветер, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата, јавуваат од УХМР.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …