(ВИДЕО) Сочен колач со јаболки, чоколадо и суво грозје

Овошен колач со чоколадо сочен и со мирис на кох.
Потребно е:
2 поголеми јаболка
100 г чоколадо
50 гр суво грозје
рендана кора од лимон
3 јајца
3 лажици брашно
1 лажица гриз
2 лажички мед
3 лажици масло
3 лажици шеќер
Подготовка:
Излупете ги јаболките и исечете ги на парчиња. Подмачкајте ја тавата со масло и лесно премачкајте со мед. Парчињата јаболки наредете ги во круг во тава со дијаметар од 22 см.Помеѓу парчињата јаболки ставајте коцки чоколадо.
Иматете ги јајцата со шеќер, додадете брашно и гриз, суво грозје, кора од лимон и масло.
Сè убаво поврзете и прелијте ги јаболката, израмнете. Печете на 200 степени Ц околу 50 мин.
Оставете да се излади, исечете и сладете се.

Фото: Принтскрин/youtube.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Оваа совршена тестенина со сирење и домати е хит на ТикТок – ви донесуваме рецепт!

ПАСТАТА со фета сирење и шери домати стана вистински хит на „ТикТок“, а „Екран“ рецептите …