(ВИДЕО) Колку ни се сигурни децата во градинките: Примерот од воспитувачките во Белград повод за размислување!

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во белградската населба Вождовац во градинка каде родители носеле на згрижување две, три-годишни деца, воспитувачките ги злоставувале, ги тепале, па дури и ги заклучувале во посебна просторија ако „не биле мирни“.
Начинот на „чување и грижа“ за дечињата е обелоденет во видео кое ги запали социјалните мрежи, а на снимката која е направена со мобилен телефон се гледа како воспитувачките ги малтретираат уплаканите деца.
Бруталноста од страна на воспитувачките оди до таму што на снимката се гледа како една од нив буквално го влече држејќи го за надлактици, а пак друга го држи неутешното дете со својата нога легнато на под, па се наведнува кон него со колено додека тоа плаче. Родиители кажуваат дека од снимките се гледало како една воспитувачка му става сосила цуцла на дете иако тоа го одбива.
Надлежните во Србија, по објавата на видеото во јавноста, веднаш направиле увид при што е откриена и просторијата каде дечињата биле заклучувани.


Овој случај секако ги вознемири и родителите во Македонија кои своите деца ги оставаат на згрижување во овие установи. Колку се децата сигурни и дали може да се постават камери за да се следи работата на воспитувачките? Секако, тоа не значи дека воспитувачките се однесуваат лошо со децата, но да се потсетиме на случајот со жената која чуваше деца и која ги малтретираше во игротека, а сето тоа беше снимено од надзорна камера од еден угостителски објект во Скопје.


Фото: Тwitter.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали има идеална разлика во годините меѓу романтичните партнери? Еве што велат новите истражувања

Ако воопшто можеме да планираме љубов, ова би можело да биде идеалната разлика во годините …