(ВИДЕО+ФОТО) На момче од Јапонија му се смееле кога на Роналдо му го рекол својот сон: Еве каде е денес!

Во 2014 година РИЈОТА ИВАОКА имал можност да се сретне со Кристијано Роналдо и да му постави прашање пред публиката.
Роналдо тогаш го застапуваше Facial Fitness Pao, јапонски производ за убавина. Иваока во тоа време бил 12-годишник и доби шанса да постави прашање за Роналдо.

„Сакам да играм со тебе. Како да го направам тоа?”
Со помош на јапонско-португалскиот тренер, Иваока се потрудил да го состави прашањето на португалски јазик и да го прочита.

Изгледало дека не му оди баш најдобро. Симпатично ги изговорил португалски зборови, што било интересно за публиката, која се смеела.
„Ти си мојот омилен играч и сакам да играм со тебе. Што треба да направам за да успеам во тоа?” – рекол Иваока.
Роналдо најпрво им се обрати на присутните, прашувајќи зошто тие се смеат.

„Зошто му се смеат?
„Зборуваш добро португалски. Многу добро. Тие треба да бидат среќни затоа што ти напорно работиш”, рекол Роналдо.
Потоа се свртел кон младото момче и одговорил на неговото прашање.
„Верувај во себе. Работи напорно и не ја пропуштај шансата кога ќе се појави можност”, му рекол Роналдо.
Иваока бил талентиран како помлад, но наишол на потешкотии бидејќи неколку средни училишта го одбиле кога им понудил да игра за нивните фудбалски тимови.

Тој бил одбиван од тимови во средните училишта
Тој бил прифатен од „Јаманаши Гакуин“, универзитет кој се наоѓа во градот Кофу. Иваока прво играл за вториот тим на тој универзитет, а потоа во втората година се преселил во првиот тим.
„Јаманаши Гакуин“ успеал да се квалификува на државниот шампионат во 2020. година, па така Иваока добил шанса да игра за медал во јапонскиот шампион.
Сепак, повредите го пореметиле и тој не можел да игра во четвртфиналето, полуфиналето и финалето, а неговиот тим ја освоил титулата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 岩岡遼太 (@ryo___ta29)

Во мечот за првото место „Јаманаши Гакуин“ го победил „Аомори Јамаду“, високо ценет тим во Јапонија.

Сега е шампион на Јапонија и се сеќава на зборовите на Роналдо
Натпреварот се играл на празен стадион, а Иваока им се придружил на своите соиграчи на теренот веднаш по последниот натпревар.
„Станавме најдобри во Јапонија! Успеав да го освојам овој натпревар благодарение на луѓето кои ме поддржуваа во изминатите три години и оние кои присуствуваа на натпреварот. Беше одлично да се игра со моите пријатели”, објавил Иваока на Инстаграм.
Шпанска „Марка“ пренесува дека Иваока му се заблагодарил на Роналдо за советот што му го дал пред скоро седум години.
„Советите на Роналдо секогаш ми беа на ум“, рекол Иваока.

Фото: Скриншот/youtube.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал. Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар …