Децата во една сибирска градинка имаат обичај во кој излегуваат на снег во долна облека и истураат кофа со ледена вода врз себе – и оваа луда практика е дел од нивната наставна програма.
Сето ова се одвива во државната градинка број 317 во Краснојарск, во Сибир, а децата тоа го прават со цел да бидат поздрави и поотпорни на инфекции.Децата истураат ледена вода после топла сауна.
„Децата се загреваат во сауна и излегуваат на традиционален туш со ладна вода“, рекол портпаролот на одделот за образование во Краснојарск.
Учителката и инструкторка за пливање Оксана Каботко (45) рекла дека децата секоја година излегуваат на традиционално туширање со ледена вода, освен ако надвор не е постудено од минус 25 степени Целзиусови. Повеќето родители даваат дозвола за ладното туширање.
На децата им се предаваат и вежби за дишење при екстремно ниски температури.
„Децата кои практикуваат ледени туширања се поразумни, избалансирани и оптимистички расположени. Тие се подобро организирани. За да го правите ова секое утро, потребна ви е голема волја. Не принудуваме никого“, рекла Каботко.
Друг поддржувач на оваа екстремна практика, учителката Љубов Данилцова, вели дека имаат и поддршка од лекар.
„Нашиот лекар потврдува дека децата во групата кои се согласуваат на туширање под мраз многу полесно ја минуваат сезоната на грип. Општо, статистичките податоци покажуваат дека 95 проценти од поздравите деца се во „мократа“ група, во споредба со 75 проценти од здравите деца меѓу „сувите“, рекла таа.
Фото: Принтскрин/video/DailyMail