Фотографија од непознат маж во униформа, клекнат на гробот на синот на Џо Бајден на денот на инаугурацијата на претседателската функција, брзо го обиколи светот.
Снимена е од репортерката на Delaware News Journala, Патриша Талорико и споделено на Твитер.
„Трогателен момент: Додека Џо Бајден држеше говор на инаугурацијата, осамен човек во униформа клечеше на гробот на неговиот син Бо во Делавер“, напишала таа покрај фотографијата што веднаш започна да се споделува.
Poignant moment: While Joe Biden gave his inauguration speech, a lone man in a uniform knelt at the Delaware grave of his son Beau. pic.twitter.com/QkCuJRHzTz
— Patricia Talorico (@PattyTalorico) January 20, 2021
Патриша во својот весник опишала дека била испратена да пишува за тоа како жителите на Делавер го слават претседателството на Бајден, застанувајќи по патот покрај гробиштата каде што е погребан неговиот син и забележала лице во униформа кое клечи покрај неговиот гроб.
“Никој друг не беше таму. Слушав на радио како го прогласуваат Џо Бајден за претседател и неговиот говор започна. Едно лице во униформа потоа ја спушти главата и ги свитка рацете. Во тој момент, очите ми се насолзија”, напишала таа во написот во кој се сетила дека имала можност да го запознае Бо Бајден и како тој љубезно се однесувал кон неа.
“Не можев да се натерам да го прекинам тој трогателен момент. Фотографирав од далечина и се оддалечив. Кога заврши говорот на Бајден, се вратив да видам дали таа личност е сè уште таму. Таа беше таму и сè уште клечеше со главата надолу. Новинарката во мене сакаше да му пријде, да открие кој е тој и зошто го прави тоа. Личноста кон која Бо Бајден бил љубезен кога најмногу и требало, знаеше дека треба да се почитува. Затоа, јас само извозев надвор”, заклучила таа.
Бо Бајден почина пред пет години од тумор на мозокот, а неговиот татко, новиот претседател на САД, го спомна само неколку дена порано.
„Жалам само за една работа, што тој не е тука затоа што требаше него да го имаме за претседател“, рекол Бајден на отворањето на центарот на Националната гарда именуван по неговиот син.
Фото:Patricia Talorico/Twitter/Jeff Wheeler/Star Tribune