(ФОТО) Пред една година Вухан беше во најстрогиот карантин на светот. Вака изгледа денес

Една година откако оградата и понатаму продолжува да го блокира пристапот до озлогласениот влажен пазар во Вухан, потсетувајќи дека вирусот САРС-КоВ-2 во своето злокобно патување низ планетата тргна од тој град и го смени светот каков што го знаевме дотогаш.
Сепак, „новото нормално“ денес владее во тој град во централна Кина со 11. милиони жители и е сличен на ситуацијата пред пандемијата: патиштата се преполни со автомобили, улици со купувачи, јавен превоз со патници и паркови со пешаци.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Hector Retamal (@hectorretamalphotographer)


Во саботата се навршува една година откако властите во Вухан прогласија затворање за да се ограничи епидемијата на коронавирусот.
Тоа беше првиот – и еден од најстрогите – карантини во целиот свет што буквално го запечати градот на 23. јануари и беше невозможно да се влезе или излезе.
Следуваа 76. дена страв и паника пред конечно да се стави вирусот под контрола.

Денес, пациенти со ковид-19 не се лекуваат во болниците во Вухан, градот се опорави и е желен да продолжи понатаму.
За петок не се планирани официјални комеморации по повод прогласувањето на „заклучувањето“ пред една година.
Но, трагите од долгиот кошмар сè уште се видливи.
Првото познато жариште е сè уште оградено

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yijia Tang (@vicky_yijia_tang)

Штиците што го затвораат рибниот пазар во центарот на градот потсетуваат на првото познато жариште пред вирусот да избега од контрола и да се прошири надвор од границите на Кина и да убие повеќе од два милиони луѓе ширум светот до денес.
Иако улиците на Вухан повторно се полни со минувачи, заштитните хигиенски маски на нивните лица велат дека мерките за спречување на ширењето на вирусот сè уште се во сила во Кина, каде се појавија нови локални жаришта во последните неколку недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @deux424

Кина во голема мера успеа да го стави вирусот под контрола, но последните недели бројките нагло се зголемија во некои делови, на што властите одговорија со нови затворања, нови ограничувања на движењето и патувањата и ново масовно тестирање.
Во последниве денови, откриени се неколку случаи на инфекција со коронавирус во Пекинг, поради што 1,6 милиони жители не смеат да го напуштат главниот град.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хоророт што го преживеала оваа жена не би му го посакале ниту на најлошиот непријател: Била силувана осум часа, а потоа полиена со киселина!

Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило …