Избрани групите за АТП Купот: За Новак и Рафа сериозни предизвици

Се одржа ждрепката за АТП-купот, што ќе се игра од 1. до 5. февруари во Мелбурн.
Србија освои место во групата А, со Германија и Канада, во Б се Шпанија, Грција и Австралија, во Ц се Австрија, Италија и Франција,а од групата Д, Русија, Аргентина и Јапонија ќе се борат за титулата.
Првите селекции одат во полуфиналето и следува финалето, кое воедно ќе биде и увертира за Австралија опен.
Минатата година Србија го освои трофејот, а сега ја претставуваат Новак Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, Филип Краиновиќ и Никола Чачиќ, селектор е Виктор Троицки.Германија е предводена од Александар Зверев, Јан-Ленард Штруф, Кевин Кравјец, Андреас Мис, Миша Зверев и селекторот Миша Зверев, претставници на Канада се Денис Шаповалов, Милош Раониќ, Стивен Диез и Питер Полански.


Шпанија предводена од Рафаел Надал е во групата Б, каде се и селекциите на Грција и Австралија.
Во групата Ц се Австрија (Доминик Тим), Италија и Франција.
Во групата Д пак се Русија, Аргентина и Јапонија.
Патем, првично беше планирано турнирот да се игра во Бризбејн, Перт и Сиднеј од 1. до 10. јануари, но планот беше нарушен од пандемија на коронавирус.

Инаку, минатата година купот го освои Србија, односно после победата на Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал.

Фото: Тtwitter.com/atp.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) ММА – Легендарниот Бразилец бурно ја прославил победата па дознал дека борбата не е готова

НЕВЕРОЈАТНА ситуација му се случила на славниот бразилски ММА борец Зулузињо на приредна на руска …