Еве од што починала Мира Фурлан!

Последните неколку месеци ги помина во тешка ситуација, борејќи се за својот живот
Легендарната актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, а како што дознава Вечерњи лист од извори блиски до нејзиното семејство, актерката долго страдала од вирусот Западен Нил, кој и го пренел заразен комарец.
Поради сериозното боледување, последните неколку месеци ги поминала во тешка состојба, борејќи се за својот живот. Иако во болница во САД и била укажана најдобра можна нега, за жал болеста била посилна.
Многу актери се збогуваат со Мира, а авторот на серијата „Вавилон 5“, Џеј Мајл Стразински (66), прв и го посветил тоа.
„Ова е ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и колешка помина како што не можеме да ја следиме. Но, како и за сите работи, ќе ја стигнеме со време и верувам дека ќе има многу приказни да ни раскаже, и многу нови улоги да сподели со универзумот“, напишал Стразински.

Фото: Wikipedia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …