(ВИДЕО+ФОТО) Наследникот на богатството на Гети го сменил полот и го покажал лузните

Наследникот на милијардерите и нафтените магнати од семејството Гети, објавил дека е трансродов маж, откако му била извршена операција за отстранување на градите, како дел од физичката транзиција.
Манекенот Натс, кој е роден како жена, сподели фотографија на Инстаграм на која се гледаат лузните од операцијата и го документираше процесот на видео на ЈуТјуб.

Натс е правнук на нафтениот тајкун и творец на медиумската империја „Гети Имиџис“, Џин Пол Гети, и е оженет со трансродовата YouTube ѕвезда, Џиџи Горџис.

Својата одлука ја објаснил на Инстаграм.

„Го поминав целиот мој живот несинхронизиран со телото со кое сум роден и ограничен со надворешен изглед што не одговараше на мојот ум или душа. Дури неодамна бев задоволен да признаам пред себе, кога успеав да погледнам внатре и вистински да размислувам за моето автентично јас“, напишал тој.

„Оваа операција е нешто што го сакав со години и не можам да верувам дека конечно ќе го добијам телото за кое отсекогаш сум сонувал“, додава моделот.
Гети исто така рекол дека се навикнува на физичката транзиција и дека во моментов одлучува со која заменка ќе сака да му се обраќаат.
„Но, засега, знам дека едно е сигурно, јас сум Натс. На моите транс-браќа и сестри и небинарно семејство: Јас сум тука за вас, тука сум со вас и ве сакам“, заклучил тој.

Фото: Скриншот/YouTube/Gigi Gorgeus

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Средба која „кине душа“: Џенифер Лопез поради НЕА не можела да ги запре солзите!

Големи ѕвезди се многу слаби на фановите кои се болни, особено кога станува збор за …