10 ефтини и здрави намирници што треба да ги имате во вашето мени

КОМБИНАЦИЈАТА на губење работа и поскапување на одредени намирници натера многу луѓе да размислат што да стават на маса.
Иако може да биде предизвик да се комбинираат ограничен буџет и здрава исхрана, важно е да се фокусирате на одржување на балансирана исхрана богата со хранливи состојки, вели Витни Инглиш, диететичарка во Лос Анџелес.
„Правилната исхрана е неопходна за целокупното здравје, вклучително и за менталното здравје“, објаснува таа.

Затоа Today ги замоли диететичарите Тоби Амидор и Сандра Алонен и Витни Инглиш да споделат кои ефтини прехранбени производи ги препорачуваат а кои гарантираат најголема хранлива вредност за помалку пари.

1. Грав


Без разлика дали ќе го купите конзервиран или сув, диететичарите велат дека гравот е одлична ефтина основна намирница. Богат е со протеини и минерали, како што се железо и цинк. Но, конзервираниот грав е прилично солен, па не заборавајте да го исплакнете добро пред јадење, вели Алонен. Сувиот грав е дури и поевтин од конзервираниот и може да се набави на големо.

2. Цели житарки


Целите житарки, како киноа, кафеав ориз и пченица, се ефтини и ќе ја наполнат оставата,. Плус, лесно се подготвуваат и обликуваат оброк, велат Инглиш и Алонен. Издвојувајќи го кафеавиот ориз, Амидор вели дека е богат со растителни влакна и протеини, како и хранливи материи како витамини од групата Б, магнезиум, манган, железо, фосфор, калиум и цинк.

3. Овес
Експертите се согласуваат дека овесот е одличен и достапен извор на протеини, минерали и влакна што ќе ве заситат.
“Јас секогаш ја комбинирам овесната каша со богат извор на витамин Ц, како што се јагоди, за да ја зголемам апсорпцијата на железо од овесот”, вели Инглиш, објаснувајќи: „Се покажа дека витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо 3 до 6 пати. Ако немам свежи бобинки при рака, користам замрзнати, кои се подеднакво богати со хранливи материи“.

4. Замрзнато овошје и зеленчук
Замрзнатото овошје и зеленчук ги задржуваат сите исти хранливи својства како и свежите бидејќи се замрзнати на врвот на зрелоста, Инглиш.

5. Јајца


Јајцата се ефтин извор на протеини. Всушност, диететичарите велат дека јајцата се сметаат за совршен протеин бидејќи содржат есенцијални аминокиселини и холин, што е одлично за здравјето на мозокот. Исто така, жолчката од јајце содржи хранливи материи како витамини А и Д, омега-3 масни киселини и антиоксидансот лутеин, кој помага во одржување на здрави очи и кожа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Оваа совршена тестенина со сирење и домати е хит на ТикТок – ви донесуваме рецепт!

ПАСТАТА со фета сирење и шери домати стана вистински хит на „ТикТок“, а „Екран“ рецептите …