Британскиот музичар е заразен со коронавирус и моментално е во изолација на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца. Според близок извор, тој се чувствувал лошо…
Кон крајот на декември, поточно на 28. декември, семејството пристигнало во Св. Бартс на новогодишната ноќ, но музичарот се чувствувал лошо кога пристигнале на Карибите, па го продолжиле престојот во вила чија кирија чини 106.000 фунти неделно.
View this post on Instagram
„Роби е прилично болен. Тој е заклучен во вила каде останува со семејството. Не е баш најлошото место на светот за карантин, иако не можете да одите на плажа. Тој ќе мора да остане во карантин до 14 дена “, изјави извор за „ The Sun“.
Минатата година тој останал со своето семејство во Швајцарија за да избега од коронавирусот.
View this post on Instagram
„Се прашував каде е најдобро да одам за да КОВИД-19 не ме стигне? Ми текна дека може да биде некаде близу Мон Блан“, рекол тој тогаш.
Ова не беше прв пат да се изолира и да избега од вирусот бидејќи претходно бил убеден дека е заразен, па се разделил од децата и Ајда на три недели кога бил во Австралија. Почнал, рекол тој, да се грижи за храната, лековите и околу неговото семејство и бил убеден дека станува збор за корона.
View this post on Instagram
Тој неодамна откри дека за малку ќе умрел од труење со жива и арсен откако изел премногу риба и дека животот му го спасила сопругата која го натерала да оди на лекар.
Фото: Instagram