(ФОТО) ПРЕУБАВ ПРИЗОР – Мајката природа прави чуда: Ова уметничко дело е создадено од самата природа

Оваа прекрасна сцена што ја гледате на насловната слика не е дело на уметник, туку е сосема природен, иако необичен, феномен. За можноста да уживаме во нејзината убавина, можеме да му се заблагодариме на фотографот Дери Марони, кој беше на вистинското место во вистинско време.


Овој природен феномен првпат го забележал ова лето кога одел покрај исушеното езеро Кајкор во близина на плажата во Брумс Хед на источниот брег на Австралија. Неговиот дрон направил феноменални снимки на каналот на дното на езерото формирајќи нешто неодоливо што потсетува на дрво.


Тоа се, сепак, остатоци од масло од блиското чајно дрво, кое по невремето завршило во езерското корито. Ова билоособено забележливо за време на плимата и осеката, бидејќи езерото Кајкора со канал е поврзано со океанот.


Марони призна дека останал целосно без зборови кога ја видел оваа сцена. Овој вид на природно уметничко дело го нарекол „Дрво на животот“, и од време на време започнал да ја посетува неговата локација за да ги документира со својата камера промените што се случуваат на него под влијание на различни временски услови.


Фотографиите на Марони станаа вирални во декември, а тој доби понуда да зборува за нив и природниот феномен што ги инспирирал за медиумските куќи како Би-Би-Си, Гардијан и Индепендент.


Марони продолжува редовно да објавува слики и клипови од „Дрвото на животот“ на својот Инстаграм, па скокнете на неговиот профил ако сакате да уживате во нови фотографии од оваа необична природна појава.

Фото: Instagram 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕВЕРОЈАТНО дејство на јодот: Го засилува ефектот од вакцината и го јакне имунитетот

Јодот е практично незаменлив како антибактериско и антивирусно средство Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди …